spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕШилегов ги плаќа лед светилките по цена од 34.000 денари една

Шилегов ги плаќа лед светилките по цена од 34.000 денари една

Почитувани,

 

Договорот за партерно уредување на Кеј 13-ти Ноември изнесува речиси 1,5 милиони евра и е вреден за анализа. Огромната разлика во цените која ја согледуваме во тендерите кои ги склучува Градот Скопје, со онаа која ја има како највисока на пазарот е загрижувачка.

 

Испуканите плочки и бетонираните дрва се само дел од скандалите кој се нижат во оваа приказна. Лед светилки како дел од проектот паметно осветлување во вредност од 34.000 денари една. Најверојатно, ова се едни од најскапите светилки. Јавните набавки кои согласно документација можеби делуваат сосема законски, ако ги погледнете одблиску многу јасно ќе ги забележите овие високи цени на опремата. Додека електричната енергија за граѓаните поскапува, Шилегов презентира лажна грижа за сметките за енергија преку проектот паметно осветлување.

 

На Град Скопје му недостигаат многу работи кога станува збор за стратегијата и нејзиниот развој. Она што досега е проблем е што таа се води стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој. Проекти кои сами по себе чинат многу повеќе од реалната цена на пазарот го покажуваат начинот на кој се празни градската каса. Недостасуваат многу ветени проекти за Град Скопје кои воопшто не се започнати со реализација, но затоа не недостасуваат јавните набавки со високи цени.

 

Од се досега можеме да констатираме дека на Шилегов најдобро му прилегаат само маалските муабети.

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...