УЈП: Корисници на МојДДВ со трансакциска сметка од Охридска Банка

Самостојни органиОргани во составУЈП: Корисници на МојДДВ со трансакциска сметка од Охридска Банка
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Поради статусните промени во Охридска Банка АД Скопје односно нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, нејзините корисници добија нови трансакциски сметки. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје истата да ја заменат со новата трансакциска сметка.

Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 г, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците.
Ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ. Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај. Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.

Извор: Управа за јавни приходи

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img