spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Посета на Рудникот Боров Дол

Штип: Посета на Рудникот Боров Дол

Градоначалникот имаше чест да се вози во дампер.

Со задоволство присуствуваше на работната средба заедно со директорот Павло Кривинскиј и раководството на рудникот Боров Дол.

Во Боров Дол се врши експлоатација и обработка на рудата, која што преку транспортна лента долга 7км се пренесува до рудникот Бучим на понатамошна доработка, каде што се врши повторно дробење на рудата до гранулација од 250мм на 70мм руда и оди на флотација каде што се добива готов производ, бакарен концентрат.

Рудникот се простира на територија на три општини и тоа Конче 57,13%, Штип 38,43% и Радовиш 4,44%. Со тоа што се простира и на територијата на Општина Штип, рудникот Боров Дол ќе придонесува за социоекономскиот развој на нашата општина.

 

Краток видео запис: https://we.tl/t-RFSDePrZb9

Извор: Општина Штип 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...