СДСМ и претседателот Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните

Политички партииСДСМ и претседателот Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Одговорните, државотворни политики на СДСМ се препознаени од граѓаните и тоа е потврдено со бројни испитувања на јавното мислење од релевантни агенции.

Една од нив е и анкетата изработена од агенцијата Брима каде се потврдува дека СДСМ е со најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто.

Со ова се потврдува високата доверба на граѓаните кон концептите и политиките на СДСМ, се потврдува дека СДСМ останува силен, изразит фаворит на претстојните избори.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу претседателот Заев и Мицкоски.

Тоа е потврда дека граѓаните знаат дека со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев се можни напредокот, развојот и интеграцијата. Тоа е потврда дека граѓаните не му веруваат на Мицкоски кој освен деструкција, блокади и лажни вести не може да понуди ништо друго.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува.

Огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда, потврдуваат дека нашата иднина е во ЕУ.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

Ова значи дека нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ.

Истовремено, ова е силен пораз за структурите кои заговараат свртување од европската агенда, кои заговараат враќање назад во меѓународна изолација и поделби дома.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

Откако беше понудена, СДСМ ја откупи оваа анкета и со тоа стекна право истата ја користи и објавува.

СДСМ заедно со граѓаните ќе го даде најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата.

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img