Битола: Градоначалничката Петровска ја отвори изложбата „Пејзажна стилизација“

ОпштиниБитола: Градоначалничката Петровска ја отвори изложбата „Пејзажна стилизација“
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

40 уметнички дела на битолскиот уметник Панде Петровски се претставени на изложбата  „Пејзажна стилизација“, работени во акрил на платно во годината на пандемија.

Изложба за отворена ја прогласи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска со што и формално се одржа првиот културен настан во рамки на годинешниот фестивал „Илинденски денови“, а уметникот во знак на благодарност за континуираната поддршка и подари изработена фотографија од овој циклус.

„Оваа летна вечер е чувство на посебност, но и кога имате ваков ликовен уметник, ваков автор во својот град – исто така тоа е чувство на посебност. Прекрасни се уметничките дела на Петровски и не се сомневам дека ќе приреди нови’, рече градоначалничката Петровска во културниот центар „Магаза“ во Битола.

„Корона периодот го победив со четка, боја и со пренесување на мотиви од предели кои сум ги видел и длабоко меморирал“, истакна авторот Панде Петровски.

За значењето на изложбата и придонесот во фестивалот „Илинденски денови“ говореше м-р Валентин Соклевски кој нагласи дека Панде Петровски е човек кој во континуитет остава трага во уметноста, во ликовната педагогија, во фолклорната традиција.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img