spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Изградба на пристапната улица кон новите грaдски гробишта

Крива Паланка: Изградба на пристапната улица кон новите грaдски гробишта

Започна изградбата на пристапнаната улица кон новите грaдски гробишта во должина од 828 метри. Инвестицијата  е во висина од 11.723.580 денари, обезбедена преку проектот на Министерството за транспорт и врски за  „Поврзување на локални патишта“, како заем од Светска Банка.

Рокот на изведба е 10 месеци, а изведувач на работите е фирмата Ескаватори и Битем.

На почетокот на реализацијата на градежните активности присуствуваа вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Во рамки на проектот  „Поврзување на локални патишта“ на Министерството за транспорт и врски, на општина Крива Паланка и се доделени 984.694. 000 евра, со што во следниот период се отвора можност за реализација на уште една до две капитални инвестиции во делот на патната инфраструктура.  Работевме и ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните на Крива Паланка, изјави градоначалникот Мицевски.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте