spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Во тек е реконструкција на ул. „Мирка Гинова“ во Карпош 1

Карпош: Во тек е реконструкција на ул. „Мирка Гинова“ во Карпош 1

Во населбата Карпош 1, позади гимназијата „Орце Николов“, во  тек е реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“. Започнати се подготвителните активности, при што се отстранува стариот и оштетен асфалт.

Оваа сообраќајница со децении не беше реконструирана, така што со овој инфраструктурен зафат, ќе се подобрат условите за движење на граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош.

Претходно, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев склучи Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски за обнова на улицата „Париска“, каде што веќе течат градежните активности на терен.

Инаку, улиците „Мирка Гинова“ и „Шекспирова“ во Карпош 1, како и „Гиго Михајловски“ и „Иван Аговски“ во Карпош 1 се обновуваат со средства и поддршка на Светска банка.

Летниот период од годината е најпогоден за инфраструктурни активности и оттука ги повикуваме сите граѓани на разбирање и почитување на времените сообраќајни режими.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...