Општина Ѓорче Петров потпиша Меморандум за соработка со невладината ,,Банка за храна“.
Со Меморандумот се предвидуваат проекти во сферата на социјалната помош, поддршка, обезбедување храна и хигиенски средства, како и материјални средства на лицата и семејствата во социјален ризик во Ѓорче Петров.
Ќе се обезбедат донации во храна и прехранбени производи од страна на бизнис заедницата кои ќе бидат дистрибуирани до корисниците. Општината технички и логистички ќе го поддржи процесот, а ќе обезбеди и волонтери за распределба на социјалните пакети.
Целта е во рамки на заедничките можности да им се даде поддршка на лицата од социјален ризик и да ја намалиме сиромаштијата.
Извор: Општина Ѓорче Петров