spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Наумоски во Никиштани во чест на Курбан Бајрам

Ѓорче Петров: Наумоски во Никиштани во чест на Курбан Бајрам

Во чест на Курбан Бајрам, Градоначалникот Александар Наумоски ги посети мештаните  во село Никиштани. Со новозибраниот Имам Самир и локалното население поразговараа за традицијата и вредноста на овој најголем муслимански празник.

-Курбан Бајрам е празник на солидарноста и грижата никој да не биде заборавен, роднините, пријателите, сограѓаните, сиромашните, болните и осамените. Нека биде така и оваа година!

Искрено верувам дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да го зајакнуваме и надградуваме принципот на соживот, толеранција и пријателство кој е карактеристичен за нашето општество, истакна Наумоски.

Општина Ѓорче Петров  на сите припадници  од муслиманската веросиповед им го честита празникот.

Среќен празник

Urime Kurban Bajrami

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...