Во чест на Курбан Бајрам, Градоначалникот Александар Наумоски ги посети мештаните во село Никиштани. Со новозибраниот Имам Самир и локалното население поразговараа за традицијата и вредноста на овој најголем муслимански празник.
-Курбан Бајрам е празник на солидарноста и грижата никој да не биде заборавен, роднините, пријателите, сограѓаните, сиромашните, болните и осамените. Нека биде така и оваа година!
Искрено верувам дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да го зајакнуваме и надградуваме принципот на соживот, толеранција и пријателство кој е карактеристичен за нашето општество, истакна Наумоски.
Општина Ѓорче Петров на сите припадници од муслиманската веросиповед им го честита празникот.
Среќен празник
Urime Kurban Bajrami
Извор: Општина Ѓорче Петров