spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нова водоводна и фекално – канализациона мрежа на ул. Рамиз...

Ѓорче Петров: Нова водоводна и фекално – канализациона мрежа на ул. Рамиз Садику

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски  и градоначалникот Александар Наумоски направивија увид на работните активности за изведба на новата линија

„ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна и фекално-канализациона линија со цел подобрување на водоснабдувањето, но и одведувањето на отпадните води во овој дел од градот. Со реализацијата на новата водоводна мрежа ќе се изврши замена на старата поцинкувана мрежа која поминува низ дворовите со нова водоводна мрежа од дуктилно лиени железни цевки со дијаметар од 80мм. Новата фекално-канализациона мрежа со дијаметар на цевка од 250мм ќе биде изведена со полипропиленски канализациони цевки и  полипропиленски шахти со лиено железни капаци – тежок тип, поволни за сообраќајниот режим на оваа улица. Двете мрежи ќе се поврзат на веќе постоечките на ул. Браќа Чакреви“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 6.500.000,00 денари.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го изрази своето задоволство во однос на соработката и спроведените проекти со кои се подобруваат условите за живот за граѓаните во општината.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...