spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Почна реконструкцијата на ул.„Лука Геров“ во Даме Груев

Ѓорче Петров: Почна реконструкцијата на ул.„Лука Геров“ во Даме Груев

Градоначалниците на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и на Град Скопје, Петре Шилегов го означија почетокот на градежните работи на улицата „Лука Геров“ од надвозникот до воениот отпад во должина од 1.648 метри.

Градежната офанзива во општината која не се памти со децении во оваа фаза ја заокружуваме со овој голем проект кој го поврзува урбаниот со руралниот дел на општината. Ова улица е од особено значење, бидејќи само низ овој пат може да се стигне до Кучково и останатите населени места од овој дел на Ѓорче Петров.

Со реконструкцијата на коловозот ќе се изврши и реконструкција на атмосферската канализација.

Град Скопје за овој проект одвои 31,3 милиони денари, а општината ја изработи проектната документација.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...