Градоначалниците на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и на Град Скопје, Петре Шилегов го означија почетокот на градежните работи на улицата „Лука Геров“ од надвозникот до воениот отпад во должина од 1.648 метри.
Градежната офанзива во општината која не се памти со децении во оваа фаза ја заокружуваме со овој голем проект кој го поврзува урбаниот со руралниот дел на општината. Ова улица е од особено значење, бидејќи само низ овој пат може да се стигне до Кучково и останатите населени места од овој дел на Ѓорче Петров.
Со реконструкцијата на коловозот ќе се изврши и реконструкција на атмосферската канализација.
Град Скопје за овој проект одвои 31,3 милиони денари, а општината ја изработи проектната документација.
Извор: Општина Ѓорче Петров