spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Водата во езеро Младост исправна за капење и рекреација, водата во...

Велес: Водата во езеро Младост исправна за капење и рекреација, водата во река Бабуна бактериолошки неисправна

Водата во Езерото Младост е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес. Направени се хемиски и  микробиолошки тестирања на мострa земена од Плажа број 1 и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници.

Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на Градска плажа бр.1, покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори, водата е исправна, додека според физичко-хемиските параметри водата по матност е во 3-та, а по однос на другите параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Водата во река Бабуна не е дозволена за капење затоа што анализите на Центарот за јавно здравје, направени на мостри земени на мерно место Плажа 1, покажуваат дека е бактериолошки неисправна и е во 3-та класа. По другите параметри водата во река Бабуна е во 2-ра и во 1-ва класа и не може да се користи за капење и рекреација и за наводнување на земјоделски површини.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...