Делчево: МОН ќе финансира инфраструктурни проекти во трите образовни институции во Делчево

ОпштиниДелчево: МОН ќе финансира инфраструктурни проекти во трите образовни институции во Делчево

Најчитано

Трите образовни институции од Делчево ќе добијат средства од МОН за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе овозможат подобри и современи услови за одвивање на наставата и престој во училиштето.

Според резултатите од Јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат проектите за реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“ и во СОУ „М.М.Брицо“, додека во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се реализира проектот за адаптација на поткровниот простор.

Јавниот повик беше објавен со цел да се подобрат условите и квалитетот на образованието, а средствата за оваа намена ќе се обезбедат од буџетот на МОН преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството.

Инаку, вкупно на 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по Јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од Буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.

Извор: Општина Делчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе