spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВо Владата на Заев врие од корупција

Во Владата на Заев врие од корупција

Во Владата на Заев врие од корупција, тоа го покажа и Извештајот на Стејт Департментот.

Тоа што се гонат само ситни прекршители, додека големите функционери остануваат надвор од опфатот на органите на прогонот говори дека власта функционира како мафија, која си ја штити главата.

Селективноста за која се посочува во Извештајот исто така е доказ за корумпираноста на врвот на власта.

Американски компании кои нотираат корупција се доволен доказ дека власта застранила и заглавила во криминал и корупција.

Нема еден висок функционер или близок на Заев кој се нашол пред органите на прогонот.

Вице мистериозно исчезна од пријава, за Трајче немаше ниту распит, а за Ден Дончев нема ни трага ни глас.

Со Заев нема правда, а има само криминал и корупција. Време е да има одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...