spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Појаснување за даночните обврзници

Гевгелија: Појаснување за даночните обврзници

Општина Гевгелија ги известува даночните обврзници дека во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (СРМА), Центарот за економски анализи, кој е имплементатор на проектот на УСАИД, им доставило известување за плаќање на заостанатиот долг. Ваквото известување има за цел да ги потсети даночните обврзници за обврските, но и за подготвување на една поцелосна анализа за зајакнување на финансискиот капацитет на локалната самоуправа.

Бидејќи известувањето не е печатирано од Општина Гевгелија, истото предизвика забуна кај одредени даночни обврзници, поради што ги известуваме дека истото е дел од предвидените активности со проектот. Доколку во меѓувреме сте го подмириле својот долг кон Општината, Ве молиме ова известување не го земајте предвид.

Инаку, главен изведувач и имплементатор на проекот на УСАИД е Cardno Emerging Markets Ltd, како и со Центарот за економска анализа (ЦЕА). Општина Гевгелија е дел од првата група, во која се вклучени 16 општини од РСМ во проектот на УСАИД , чија цел е преку партнерство со Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална децентрализација.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...