spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Во Пелинце се одбележа државниот празник Илинден

Куманово: Во Пелинце се одбележа државниот празник Илинден

По повод националниот празник Илинден, 2 Август денеска во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, свечено беше одбележан овој значаен датум од македонската историја, 118 години од Илинденското востание и 77 години од првото заседание на АСНОМ. На пригодното одбележување пред споменикот на АСНОМ, покрај останатите делегации,свежо цвеќе положија и делегации од општина Куманово, предводени од Градоначалникот на Општината Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината Атина Мургашанска.На Денот на Републикатапред присутните со пригоден говор се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.Настанот беше проследен и со културно – уметничка програма.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и...

0
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева Скопје-Париз (аеродром Орли) Овие две дестинации се воведуваат на барање...