spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“

МЗ: Пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“

Во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...