spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Објавени конкурсите од МОН за ученички стипендии за 2021/22 година

Гевгелија: Објавени конкурсите од МОН за ученички стипендии за 2021/22 година

Министерството за образование и наука на РСМ ги објави конкурсите
за ученички стипендии за 2021-2021 година. Согласно наставните планови и програми, учениците од I, II, III и IV година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија можат да аплицираат на следниве конкурси за стипендии:
            Право на стипендија имаат кандидатите кои исполнуваат следните oпшти услови:
1. Да се редовни ученици од I, II, III и IV година;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Северна Македонија.
             Посебните услови за секоја стипендија се наведени во конкурсите. Пријавувањето е електронски, со прикачување на потребната документација на веб-апликацијата: http://e-uslugi.mon.gov.mk. Доколку кандидатите немаат можност  да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука.
              Пријавувањето трае 15 дена, од 01.09.2021, а трае  до 15.09.2021 година, од 08 до 16 часот.

Прочитајте