spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГраѓаните имаа четири години да увидат колку е неспособна власта на локално...

Граѓаните имаа четири години да увидат колку е неспособна власта на локално ниво и да споредат како се работеше во време на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Жешко политичко лето“ во Канал 5 телевизија, во врска со распишаните локални избори, истакна дека граѓаните имаа четири години да увидат како работи СДСМ, колку власта е неспособна и некадарна и како се справува со локалните проблеми за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги водеше општините.
-Граѓаните имаа четири години да увидат што е неспособна, некадарна, немотивирана власт, власт која се грижи само за своите сопствени интереси, која гледа само што повеќе партиски луѓе да вработи по општините и како оваа власт се справува со било какви локални проблеми, вели Пандов.
Тој истакна дека разликата е огромна, а граѓаните можеа да увидат во овие четири години како ВМРО-ДПМНЕ се справувало со локалните проблеми, колку градинки, патишта, игралишта, објекти, спомен обележја биле изградени, додека сега градоначалниците на СДСМ ретко да имаат со нешто да се пофалат дека сработиле во овие години.
-Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори се луѓе кои се докажани во своите средини, кои се домаќини и кои преку работењето во нивната професија докажале дека си ја сакаат својата земја и сакаат да направат додадена вредност во својата општина, а не одат таму за да распишуваат тендери, рече Пандов.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...