spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЦелосно проширување на булеварот Борис Трајковски

Целосно проширување на булеварот Борис Трајковски

Почитувани граѓанки и граѓани,

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов во соработка со општина Кисела Вода го остваруваат ветувањето дадено пред граѓаните за целосно проширување на булеварот Борис Трајковски.

Оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура.

Во изминатиот месец интензивно се работи на овој булевар, односно станува збор за должина од над 2 километри од Пинтија до влезот на населба Драчево, каде ќе заврши со модерен кружен тек.

Со изградбата на оваа фаза од булеварот Борис Трајковски, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на градот.

Овој капитален проект особено ќе биде значаен за над 70 илјади граѓани од Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани, Зелениково, Батинци и околните населени места каде значително ќе се намали временскиот период на патување од овие населби, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.

Почитувани,

Како одговорна власт изминатите 4 години интензивно работиме во подобрување на инфраструктурата во Скопје, продолжуваме да градиме по план затоа што Скопје и скопјани го заслужуваат најдоброто.

 

Извор: СДСМ

Прочитајте