spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСо закани градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Трпковски нема да не замолчи, граѓаните ја...

Со закани градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Трпковски нема да не замолчи, граѓаните ја заслужуваат вистината

Погоден од споделените информации во јавност на последната прес конференција на Општинската организација на СДСМ Сопиште, градоначалникот на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, поаѓајќи од редовната пракса за време на режимот чиј претставник е, преку својот адвокат побара јавно повлекување на изнесените информации и се закани со судска постапка.

Општинската организација на СДСМ Сопиште нема намера да се извини ниту пак да повлече повлече изнесените наводи, бидејќи станува збор за вистина, ставови базирани на постоечки, релевантен документ кој е предложен, ставен на гласање пред Советот на Општината и изгласан.

Од вистината нема бегање и Трпковски треба да знае дека со закани нема да не замолчи. Граѓаните ја заслужуваат вистината и СДСМ ќе продолжи да зборува гласно и вистинито како и досега.

Во документот, Меморандум за соработка помеѓу Општина Сопиште и Здружението за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ГРАНД од Скопје, прецизно е наведено дека цитираме: „Спортските терени во населено место Сопиште, Општина Сопиште, со потпишување на овој меморандум ќе ги управува и користи Здружение за заштита и унапредвање на животната средина ЕКО ГРАНД Скопје“, при што е дадена можност (цитираме) „за закажување на термини за користење од страна на физички или правни лица, а за услугата која ќе се дава на корисниците ќе можат да уплатат износ во облик на донација“ (затворам цитат) на определена жиро сметка на име на Здружението.

Притоа, никаде во документот не е наведено дека терените ќе можат да ги користат жителите на Сопиште без надокнада. Оттука и сметаме дека ова е штетен договор за жителите на Општина Сопиште кои треба да бидат запознаени со намерите на градоначалникот во врска со спортскиот простор наменет за користење од сите граѓани на Сопиште за спортување, рекреирање и за натпреварување.

Граѓанинот е на прво место, а грижата за него е наш приоритет. Во случајот, наша обврска е да споделиме со нашите сограѓани дека градоначалникот овој документ со ЕКО ГРАНД го склучува (цитираме): „во времетраење од 4 години со можност за повторно продолжување и давање предност на Здружениот ЕКО ГРАНД доколку има и други субјекти заинтересирани за спортските терени“ (затворам цитат).

Во документот стои дека Здружението ќе ги управува и користи спортските терени без никаква надокнада кон Општината, а Општината како локална самоуправа ќе може да ги користи терените за трибини, состаноци, изложби или согласно општинската програма за спорт.

И како да не е дозволно ова фаворизирање, па во документот стои дека доколку дојде до предвремено одземање на спортските терени порано од предвидените 4 години, (цитираме): „Општина Сопиште се обврзува да исплати надомест на Здружението за инвестираните средства за одржување и уредување на просторот, како и исполнување на сите договорени обврски“, додавајќи дека дополнување на овој Меморандум ќе се оствари преку анекс.

Градоначалникот Трпковски е носител на јавна функција, а сето изнесено се цитирани делови од склучениот Меморандум, односно чиста вистина.

Оттука, ОО СДСМ Сопиште цврсто стои на ставот дека нашите сограѓани и тоа како имаат право да знаат што им се подготвува од општинската власт и што градоначалникот има намера да протне на мала врата, на штета на Сопиштани! Станува збор за јавен интерес! Доколку, сепак, вистината изнесена на виделина не му одговара на градоначалникот, нека нѐ демантира со поништување на склучениот договор, во корист на жителите на Општина Сопиште.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...