spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Заедно да се заштитиме од пожари

Аеродром: Заедно да се заштитиме од пожари

Општина Аеродром упатува апел до граѓаните да бидат крајно внимателни при движење во природа и на јавните зелени површини.

Со оглед на актуелната ситуација, големите пожари што ги зафатија речиси сите краишта на државата, се замолуваат граѓаните да покажат високо ниво на совесност, да не фрлаат догорчиња во близина на трева, да внимаваат при посета на излетнички места во природа, да не палат стрмништа, скари и други активности што ја загрозуваат природата што ни припаѓа еднакво на сите нас.

Не само шумите што се наше природно богатство, од мало невнимание можат да се уништат цели домови и други материјални добра, па дури и човечки животи.

Напоменуваме дека пожарите имаат сериозни негативни последици не само за шумскиот фонд туку влијаат и врз квалитетот на воздухот, врз животот и здравјето на луѓето, врз биодиверзитетот и на целокупните климатски промени.

Доколку биде забележан пожар на отворен простор, граѓанска должност е секој да пријави во надлежните институции.

Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информациите зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гаснење на пожарот.

Пожарот пријавете го во Противпожарната бригада на тел. број 193 или во Центарот за управување со кризи – 195.

10.8.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте