spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Уште едно спортско игралиште во Аеродром доби ергономска подлога

Аеродром: Уште едно спортско игралиште во Аеродром доби ергономска подлога

Општина Аеродром изврши целосна реконструкција на спортското игралиште што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите Џевахир.

Кошаркарското игралиште доби нова ергономска подлога, која покрај естетскиот изглед, им нуди и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто.

Обновени се и кошевите, а има и рефлектори за негово користење во вечерните часови.

Досега се поставени ергономски подлоги на голем број отворени спортски игралишта, како и во спортскиот центар „Ново Лисиче“.

„Вложуваме во висококвалитетни и современи услови за спорт и рекреација на жителите. Игралиштата на отворено се особено важни за нашите граѓани, кои покажуваат голем интерес за нивно користење. Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина“, рече градоначалникот Златко Марин.

Општина Аеродром и во наредниот период продолжува со реконструкција  на спортските и детските игралишта.

10.8.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте