spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиВо Штип - Нова Мобилна апликација - Мои работнички права и можности

Во Штип – Нова Мобилна апликација – Мои работнички права и можности

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот „Правна заштита – сигурност на работничките права“, поддржан од Меѓународната организација на труд, а финансиран од Европската Комисија, со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите, во Штип организираше еднодневна средба и обука на која присутните имаа можност да се запознаат со можноста за бесплатна правна заштита, дадената правна заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период, а беше промовиран краток видео спот како и првата бесплатна мобилна апликација: ССМ- Мои работнички права која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа да пријавуваат прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.

На средба на која беше присутен и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, а преку неформален разговор, присутните имаа можност да добијат информации, совети и мислења од колешките и колегите, правници, по однос на прашања од работен однос кои ги засегаат нив лично, нивните колешки и колеги или нивни блиски.

Во текот на утрешниот ден, нашата кампања продолжува во Кавадарци

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...