spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Викендов и наредната недела ќе се прска против комарци

Град Скопје: Викендов и наредната недела ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 14.08.2021 година (сабота) и 15.08.2021 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци.

Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Координативна средба за подигање на хигиената

0
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера одржа координативен состанок со претставниците од Одделението за месна самоуправа и вработените коишто се задолжени за одржување...