spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини

МЗ: Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини

Надминавме 1 милион аплицирани дози вакцини. ?Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.

Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови ја дисперзираа зголемената работа на медицинските лица во поликлиниките и го смали редот на чекање за граѓаните. Вакцини има доволно од сите производители, а на неделно ниво со нови пратки истите се надополнуваат.

Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација на населението ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме повторно да живееме безгрижно и без ограничувања.

Ве повикувам сите да издвоите еден час од вашето време во денот и да се вакцинирате во најблискиот пункт до вашето место на живеење.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...