„Во петок ќе имаме прес конференција на која што ќе презентираме дел од имињата кои што ќе бидат исто така во преостанатите скопски општини, но исто така и на други општини во Македонија. Од прилика дваесетина мислам дека ќе бидат, нови имиња“,изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Мицкоски додаде дека професорката Котлар е навистина исклучителна жена, и се цени дека со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат. Така дури покажаа и интерните мерења. ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ и Зоран Заев во Општина Центар.
„Дали тоа било коалиционен партнер во Центар, или во некоја друга општина, ако ликот кој што е предлог и кој што на мерењата ќе покаже навистина исклучителни капацитети и нормално бројки, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Така што немаме таква фрустрација. Нашата цел е да ја ослободиме државата од ова лошо политичко раководење под палката на СДСМ и ДУИ“, појасни Мицкоски.
Мицкоски укажа дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ излегува со нови ликови кои што се нов бран на политичката сцена и ќе покажат како може поинаку.
Извор: ВМРО ДПМНЕ