spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излегува со нови ликови кои се нов бран...

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излегува со нови ликови кои се нов бран на политичката сцена кои ќе покажат дека може поинаку

„Во петок ќе имаме прес конференција на која што ќе презентираме дел од имињата кои што ќе бидат исто така во преостанатите скопски општини, но исто така и на други општини во Македонија. Од прилика дваесетина мислам дека ќе бидат, нови имиња“,изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека професорката Котлар е навистина исклучителна жена, и се цени дека со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат. Така дури покажаа и интерните мерења. ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ и Зоран Заев во Општина Центар.

„Дали тоа било коалиционен партнер во Центар, или во некоја друга општина, ако ликот кој што е предлог и кој што на мерењата ќе покаже навистина исклучителни капацитети и нормално бројки, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Така што немаме таква фрустрација. Нашата цел е да ја ослободиме државата од ова лошо политичко раководење под палката на СДСМ и ДУИ“, појасни Мицкоски.

Мицкоски укажа дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ  излегува со нови ликови кои што се нов бран на политичката сцена и ќе покажат како може поинаку.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...