spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаВоведуваме дигитална трансформација и машинско учење за да го унапредиме корисничкото искуство

Воведуваме дигитална трансформација и машинско учење за да го унапредиме корисничкото искуство

Iute веќе одамна ги постави стандардите за финтек дигитализација, трансформација, иновации и одење во чекор со пазарот и трендовите. Но колку што е важно пионерството, уште поважен е континуитетот, одржувањето и вложувањето во нови алгоритми, методи и трендови.

Како компанија која цврсто се залага за одговорно, транспарентно и целосно безбедно кредитирање, Иуте Македонија од неодамна започна со унапредување на бизнис процесите и корисничкото искуство, базирано на машинско учење и наука базирана на податоци.

Дигитализацијата како термин многу често осамнува во наративот на финансиските друштва, но што всушност значи дигитализација, а што дигитална трансформација, особено во финтек друштвата. Како до уште понапредни бизнис процеси и задоволни клиенти! На оваа темата разговараме со Александар Тишовски, Директор на сектор за технологија во Иуте Македонија.

Разговараше – Верица Јорданова од inovativnost.mk

Господин Тишовски често се зборува за дигитализација и дигиталната трансформација, но објаснете ни дали постои суштинска разлика помеѓу овие два процеси?

Дигитализацијата е обична конверзија на информациите од физички формат во дигитален односно од аналоген во дигитален формат. На пример она што било на хартија, CD, касета, се пренесува во дигитална база на податоци, без физичка трага. Кога нешто е дигитализирано, станува лесно за складирање, пристап и споделување со заинтересираните страни.

Ова можеме денес да го видиме кај банките, на платформите за електронско банкарство, шаблон на налог пп30 или пп50 се пополнува и процесира дигитално. На овој начин информациите стануваат полесни за дистрибуција и пристап, процесите се подобруваат и автоматизираат, а податоците полесно се обработуваат. Тоа што треба да го знаеме е дека предмет на дигитализација се информациите и податоците, а не процесите.

Од друга страна, дигиталната трансформација претставува чекор понатаму што вклучува употреба на дигитализирани податоци и е многу покомплексен процес кој не ја опфаќа само дигитализацијата, односно претворањето на аналогните форми на податоци во дигитален формат, туку целосната промена на начинот како компаниите ги водат процесите и испорачуваат дополнителна вредност на клиентите.

Ова пред сé се однесува на иновациите кои се имплементираат во бизнис процесите и моделите, подигнување на степенот на оперативната агилност и капацитетот на компанијата брзо да одговори на промените во околината, пазарот и интеракцијата со клиентите.

Со други зборови, дигитализацијата се однесува на оптимизација на различните форми на информации со дигитални решенија, додека дигиталната трансформација се однесува на користење на дигиталните технологии за рапидно да се зголеми бизнис перформансот и резултатите, се низ лупата на унапредено корисничко искуство и задоволни клиенти.

Иуте е првата компанија која на пазарот воведе мобилна апликација, како и нова технологија за електронска идентификација. За каква апликација и систем станува збор?

Технолошкиот развој е нашата основа. Иуте е единствениот финтек кој поседува мобилна апликација Myiute, со повеќе од 130.000 симнувања.  Апликацијата претставува единствено и сеопфатно решение за сите услуги и производи кои се нудат, каде што клиентите на едно место може да аплицираат за кредит, да аплицираат за паричен лимит, да направат електронска верификација на идентитет, да скенираат QR код во партнерската мрежа, дигитално да го потпишат договорот за кредит и придружната документација, да добијат информации за локации на најблиските експозитури и бескартични АТМ-и, информации за партнерската мрежа како и да имаат целосен увид во сите свои кредити и нивните детали. Значи станува збор за целосно олеснување и скратување на постапката, заштедување на време и ресурси и планирање на буџетот по своја мера, преку целосна достапност и можност за проверка на сите информации.

Со ново-воведената технологија и систем за електронска идентификација, кој е воведен во соработка со компанијата ’ГетИД’ (GetID) од Естонија, се зголемува безбедноста на клиентите и се елиминира каква било можност од злоупотреба на податоците на клиентите.

Технологија во служба на враќање на времето на луѓето.

Без чекање во редици, целосно дигитален кредитен процес, плаќања во трговија врз база на QR код или безкартично подигнување на готовина, овозможувајќи на луѓето олеснување на секојдневието  и вршење на трансакции без да го напуштат домот.

Преку дигитална трансформација се подобрува корисничкото искуство. За кои технологии станува збор, кога зборуваме за машинско и автоматизирано учење?

Технологијата е тука на сите да нѝ го олесни животот, а Иуте Македонија ја има привилегијата да црпи искуството од Естонска групација, една од дигитално најмоќните и најнапредните земји во Европа. Воедно групацијата веќе има воведено и сé уште работи на доусовршување на процесите за користење на наука базирана на податоци и автоматизација при проценката и обработката на барањата за кредити, во функција на одговорно кредитирање.

Во денешно дигитално доба, науката базирана на податоци е моќна алатка во рацете на финансиските компании која може целосно да ги револуционизира деловните процеси и корисничкото искуство. Преку користење на напредна аналитика и алгоритми базирани на машинско учење, финансиските институции можат да добијат значителен и опсежен увид во однесувањето на клиентот, да го намалат кредитниот ризик и да овозможат одговорна практика на кредитирање. Еден од главните области на делување е менаџирањето на ризиците, каде што науката базирана на податоци помага да се намали кредитниот ризик, а преку анализирање на историски податоци и машинско учење, можеме да пристапиме кон кредитоспособноста на клиентите многу попрецизно.

Еден од најважните аспекти каде што науката базирана на податоци има улога е подобреното корисничко искуство, на начин што овие процеси овозможуваат подобро и поедноставно да се пресретнат индивидуалните потреби на клиентите, на персонализиран начин, да се направи профил на клиентот и да се подобри комуникациската стратегија. Преку предиктивна анализа, со овој модел можеме да ги предвидиме преференциите на клиентите и да им понудиме персонализирани продукти и услуги, што ќе водат кон уште подобро корисничко искуство и задоволни клиенти.

Со користење на напредни аналитики и алгоритми за машинско учење, финансиските институции можат да добијат вреден увид за однесувањето на клиентите и да се промени начинот на кој компаниите и клиентите комуницираат меѓусебно.

Кои беа главните технолошки предизвици со кои се соочувавте?

Нашата цел не е да ги следиме трендовите и процесите во индустријата, туку да ги поставуваме. Постојано мораме да правиме промени и нови планови кои од една страна ќе соодветствуваат на новите регулативи, што е добро, затоа што на овој пазар му недостасуваат унифицирани стандарди, а од друга страна ги носиме новите технологии од европскиот пазар.

Многу сме горди на достигнувањата. За технолошки развои за кои во повеќето традиционални финаниски институции се потребни повеќе месеци, кај нас доаѓаат за неколку дена, па и за неколку часа.

Често посочувате на одговорно кредитирање како клучен и критичен аспект на финансиската индустрија.

Токму така, нашата цел не е само да пристапиме до клиентот и еднократно да го услужиме, презадолжиме или слично, туку да му го олесниме секојдневието преку персонализирана услуга и производи кои одговараат на неговата кредитна способност и потреби. Со еден збор, носење на етички и одржливи одлуки за кредитирање.

Сето тоа повторно се надоврзува на автоматизирано машинско анализирање на податоцитете од кредитната историја, приходите, историја на плаќања итн. Носењето на поиздржани одлуки врз база на проценка на севкупниот профил на клиентот го намалува ризикот од презадолженост и неможност на враќање на долгот.

На крајот, како финален заклучок, преку користење на моќта на машинското учење и наука базирана на податоци, финансиските друштва си овозможуваат поголема стабилност, ефикасност на деловните процеси, потенцијал за раст и пред се, градење на лојалност и релации на долги патеки со клиентите.

Како што трендовите и процесите на дигитална трансформација еволуираат, машинското учење се предвидува да земе уште повитална улога и целосно да го редефинира финансиското опкружување и пазарот.

Дигиталната трансформација не е само технички провес, туку е и процес на лидерство и целосна културолошка промена во организацијата, како го менаџирате тоа интерно?

Колку и да зборувамеме за автоматизација, роботика, дигитализација, вештачка интелигенција… она што со сигурност останува непроменета константа е човекот , човечката димензија и знаењето позади овие процеси, како единствена страна која може да го знае контекстот и да го изменаџира правилно.

Со други зборови, овие процеси изискуваат вклученост, информираност и едукација на сите луѓе во компанијата, без разлика на позицијата и одделот. Затоа што, на крајот на денот, дигиталната трансформација е и процес на градење на културолошка промена и интеграција.

Од тој аспект, многу вложуваме во континуирана надградба, учење, споделување на знаењето и редовни консултации и следења со нашите колеги од другите земји и од групацијата во Талин. Дигитализацијата и напредокот оди паралелно со соодветно лидерство и тимска инволвираност, така процесите и напредокот се уште повидливи и поефикасни. Решенијата што ги правиме треба да се корисни за сите, и за нашите клиенти, но и за вработените, за олеснување на нивната работа и поголема продуктивност.

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...