spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работиме за подобри и поефикасни услуги за граѓаните

МИОА: Работиме за подобри и поефикасни услуги за граѓаните

Квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација е многу важен. Наша цел е да го зголемиме квалитетот и ефикасноста на дадените услуги се на воспоставување на овие 3 системи:

 

Национален Систем „Редослед на клиенти – “Земи Бројче

Овој систем е воспоставен во само ЕТУ центрите претставува централизиран веб базиран систем кој има за функција да воспоставува ред за чекање при остварување на услуга. Овој систем му овозможува на секој граѓанин да ја земе бараната услуга во вистинското време.

 

Национален Систем „Оцени ја Администрацијата – “Семафор

Овозможува преку скенирање на QR код кој е содржан на тикетот за реден број граѓаните по завршувањето на услугата, граѓаните да го оценат шалтерскиот службеник, квалитетот на услугата и квалитетот на институцијата.

 

Национален Систем „Резервирај Термин за услуга – “Мој ред“

Овозможува на граѓаните да закажат термини за остварување на услуга, на одреден датум на нашите центри “Една точка за услуги”, нагласувајќи го времето и видот на услугата што ќе ја бара. Како резултат на тоа, се избегнува можноста да се чека на ред. (https://etu.uslugi.gov.mk/pages/reservation)

 

Ние како министерство сме подготвени да го понудиме овој систем на секоја институција во земјата, без трошоци, со единствена цел квалитетот и ефикасноста на услугите што ги обезбедува државната администрација да бидат на потребното ниво.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте