spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиРочиште за СТЕЧАЈ на Баргала АД Штип

Рочиште за СТЕЧАЈ на Баргала АД Штип

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со работниците од Баргала АД Штип разочарани од неподготвеноста и пристрасноста на привремениот стечаен управник Пепи Панев кој никако не работи во интерес на работниците и компанијата.

Рочиштето по предлог на привремениот стечаен управник Пепи Панев, поради тоа што не си ја извршил својата законска должност за подготовка на извештај, стечајниот Судија го одложи за 02.09.2021 година, а на што остро се спротистави ССМ, а поради информациите кои доаѓаат до нас, се сомнеавме дека дека се работи за нешто друго кое не е во интерес на работниците.

Привремениот стечаен управник од неговото назначување, иако од УЈП и Државниот инспекторат за труд се констатирани незаконски дејствија, продолжува по стапките на досегашниот газда и не постапува по Решенија за враќање на работа на работниците и за идплата на платите и Одлуки на надлежни државни институции, согласен е друштвото да се оптеретува непотребно за трошоци за казни и адвокатски услуги наместо да се грижи платата да биде исплатена, работниците да бидат вратени на работа и да се почитува законот и инатитуциите во Државата.

Работниците кои беа пред Судот во Штип го чекаа привремениот стечаен управник Пепи Панев на влезот на судот да му кажат дека се гладни поради тоа што истиот не ги спроведува Решенијата од ДИТ за враќање на работа на работниците и исплата на нивните плати, а истиот наместо да се соочи со работниците избега од задната врата на Судот.

Работниците кои се сеуште на работа денеска во знак на револт заради неисплатени дополнителни 2 плати за јуни и јули не работеа и чекаат одговор од работодавачот и привремениот стечаен управник.

ССМ нема да запре се додека не се исполнат барањата на работниците, а сите кои свесно ги намалуваат правата на работниците ќе бидат кривично гонети од ССМ за истите кривично да одговараат.

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...