spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Посветени сме на финализирање на проекти во Тетово

МТВ: Посветени сме на финализирање на проекти во Тетово

Заменик министерот Реџепи: Посветени сме на финализирање на проекти во Тетово

 

 

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи завчера заедно со Првиот вицепремиер Груби, министри од владиниот кабинет и градоначалничката на Тетово г -ѓа. Теута Арифи го означаа почетокот на изградбата на булеварот Благоја Тоска.

 

 

Како еден од највиталните проекти не само за општина Тетово, булеварот „Благоја Тоска“ добива сосема поинаков изглед и им дава надеж на граѓаните.

 

Заедно со првиот вицепремиер Груби и градоначалничката г -ѓа. Арифи, бевме присутни на почетокот на работите за продолжување на овој булевар, истакна Заменик министерот Реџепи.

 

 

Според него, проектите за подобар живот на граѓаните, нема да застанат тука.

 

 

 

Благодарение на нашата посветеност во Владата, од програмата ТАВ се издвоени 42 милиони денари за продолжување на овој проект. Заложбата за финализирање проекти во корист на граѓаните нема да застане тука, рече меѓу другото Заменик министерот Реџепи.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте