spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: За прв пат се изработи Функционална анализа

МП: За прв пат се изработи Функционална анализа

Завчера во просториите на Министерството за правда се одржа хибриден настан на кој беше презентирана првата функционална анализа на Министерството,  која заедно со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе се заокружи процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

-Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни реформски чекори кои ќе ги правиме, во насока на модернизација на Министерството за правда, но и во правосудството воопшто” – рече Маричиќ.

Според министерот ова е документ кој дава еден целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството и се во насока кон целта за која се работи, односно креирање ефикасна и транспарентна институција во служба  на граѓаните.

Функционалната анализа на Министерството за правда е поддржана од Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија, а спроведена од Центарот за правни истражувања и анализи.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте