spot_img
spot_img

Граѓаните не живеат во бајка како СДСМ, туку во сиромаштија, за една година над 60.000 останаа без работа, 5.600 фирми се затворија, а капитални инвестиции нема

Политички партииВМРО-ДПМНЕГраѓаните не живеат во бајка како СДСМ, туку во сиромаштија, за една...

Најчитано

За само една година над 60.000 македонски граѓани за една година останаа без работа, илјадници се со намалени плат, додека 5.600 фирми се затворени заради криминалните и корумпирани политики на СДСМ и Заев.

Време е во СДСМ да ги симнат розовите очила и да согледаат дека граѓаните во Македонија не живеат во бајка, туку во сиромаштија.

Четвртина население, односно половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и едвај имаат еден оброк дневно.

Јавниот долг во овие 4 години е зголемен речиси двојно, односно има нов долг од скоро 3 милијарди евра, а во исто време тие пари се испарени на приватни сметки, затоа што во државата ништо не е изградено.

Дека нема ништо изградено потврдува и фактот што секоја година капиталните инвестиции се на минимум, па така и оваа година во која за само 7 месеци реализирани се едвај 30%.

СДСМ нема изградено нови патишта, се е во застој, нема нови болници кои беа ветувани, нема нови училишта, нема ништо, но има задолжувања кои никој не знае каде завршуваат.

Катастрофата на СДСМ ја потврди и Стардард и Пурс кој ја опиша земјата под поимот ѓубре.

Време е за промени. Време е народот да почне да живее подобро, а криминалците да одговараат. Време е за Македонија за сите луѓе.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе