spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Левица вечерва го претстави својот петти кандидат за градоначалник за претстојните Локални избори. Се работи за Александар Димитријевиќ кој ќе биде кандидат за Општина Ѓорче Петров.

Роден во 1986 година во Скопје целиот свој живот го поминува во оваа скопска населба. Основно образование завршува во ООУ „Димо Хаџи Димов“ додека средно образование во СГГУС „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров. На Правниот Факултет „Јустинијан Први“ дипломира во 2011 година, а две години подоцна станува член на Адвокатска Комора. По положување на правосудниот испит и стекнување на работно искуство преку пракса, тој во моментов е адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.

Како мотивација за вклучувањето во политиката тој го потенцираше своето незадоволство од политиката која политичките партии низ години ја водат како и одлуките кои се носат на штета на државата.

„На локално ниво, како роден, израснат и жител на општина Ѓорче Петров, ги познавам проблемите со кои се соочуваме сите жители и сакам да се вложам во нивно конечно решавање. Меѓу другите би ги издвоил како итни за решавање непланската и прекумерна бетонизација на просторот и ревизија на спорни ДУП-ови, недостаток на спортски, културни и рекреативни центри, недостаток од зелени површини, проблем со атмосферската канализација, дивите депонии и друго.“ изјави Димитријевиќ за време на својата промоција.

Повеќе за Александар Димитријевиќ можете да прочитате ТУКА.

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте