spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВладата инситуциите градат ефикасен, независен и професионален судски систем

Владата инситуциите градат ефикасен, независен и професионален судски систем

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата на браникот на криминалот нема кредибилитет да зборува за закони и правда.

Спрегата со криминалците е заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ и како власт, но и како опозиција по сите обиди на Христијан Мицкоски и врвот на партијата да ги заштитат криминалците.

Во овие четири години Владата предводена од СДСМ гради силен независен и професионален судски систем кој испорачува неселективна правда.

ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што законот важи за сите подеднакво, што јавноста сведочи на пресуди и санкции кон лица за кои со години се веруваше дека се над законите.

Ниту една конструкција, ниту една измислици, ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот, а СДСМ е посветена на обезбедување правда за сите.

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...