МОН: Дигитализација и модернизација на системот на учење е нашиот успешен одговор на предизвиците од пандемијата

МинистерстваМОН: Дигитализација и модернизација на системот на учење е нашиот успешен одговор...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Инвестициите за подобро образование не само што не запреа во услови на пандемија, туку напротив, напорот за постигнување на целите уште повеќе се интензивираше. Затоа што образованието е жива материја и мора да се менува и прилагодува на глобалните и општествените текови и состојби и само така може да продолжи да биде еден од основните столбови на севкупниот напредок на државата. Моравме да го прилагодиме и на овие вонредни околности и тој да продолжи успешно да функционира како механизам за создавање на човечки потенцијал, без кој ниедна држава нема иднина.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата „Човечки капитал и инклузивен раст“ во рамки на Конференцијата ,,Економско заздравување и раст по Ковид-19’’ организирана од Министерството за финансии. Во своето обраќање посочи дека иако образовниот систем не бил подготвен целосно за пандемијата на почетокот, поради негрижа во минатото, сепак, адаптацијата се случи брзо, а дигитализацијата е најзначајна придобивка од ковид-кризата.

 

 

 

„Ако сме инвестирале во квалитетно и современо образование пред 10-тина години, Ковид кризата уште во 2020 година ја го дочекавме многу поподготвени. И тоа го покажаа развиените земји. Тие првенствено беа дигитализирани, дополнително имаа подготвен наставен кадар за брзо преструктуирање, за разлика од тоа што ние овие процеси моравме забрзано да ги спроведеме и да се прилагодиме на потребите коишто ги наметна пандемијата за пократко време“, рече министерката, додавајќи дека наставниците со посветеност и зголемени напори во работата одговорија успешно на сите критики и прогнози дека нема да добро да ги водат учениците низ образовниот процес додека трае пандемијата.

 

Во своето обраќање, министерката се осврна и на реформата на основното образование која започна со стартот на новата учебна 2021-2022 година, по неколку месечна јавна дебата и консултација за дефинирање на планот кој треба да обезбеди унапредување на квалитетот на наставата.

 

„Почнавме крупни промени и тоа баш во услови на пандемија. Имаме нов концепт на учење кој треба да ги научи децата да учат преку истражување и разбирање, за да можат знаењата коишто ќе ги стекнат, да ги практикуваат понатаму во животот. На овој начин тие се подготвени и за брзи прилагодувања на промени. За прв пат поставивме национални стандарди и излезни резултати од учењето“, рече Царовска, додавајќи дека тоа е само еден чекор во подготовката на современ, оптизмизиран и резистентен образовен систем кој ќе го имаме за неколку години од сега.

 

„Како што активно работиме на менување и подобрување на образовниот систем во период на Ковид, мора да продолжиме и понатаму, и тоа мора да биде национална заложба, независно која политичка партија е на власт или кој е министер за образование“, заклучи Царовска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе