spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Соопштенија

МЗШВ: Соопштенија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вчера во просториите на МЗШВ одржа состанок со лозарите од Неготино кои неодамна протестираа. На состанокот присуствуваа и директорот на Инспекторатот за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

 

Министерот Хоџа ги информираше лозарите дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за Вранец. Откупот сеуште не е започнат со максимален интензитет, досега се откупени само 1,3 милиони килограми.

Инспекторатот е на терен секојдневно, сита ваги се баждарени, а во наредните денови инспекциските контроли ќе бидат уште повеќе засилени. Министерот и директорот Шапуриќ ги охрабрија лозарите секаде каде ќе има проблем во проценката на тежината, шеќерноста или откупната цена, лозарите веднаш да ги известуваат на телефонските броеви, со цел никој да не биде оштетен, а откупот на грозје да тече онака како што е договорено. Ова особено важи доколку винарските визби не ги почитуваат цените кои се јавно истакнати, секој земјоделец е повикан да пријави направилност веднаш. По дојавите за неправилност, веднаш ќе бидат испратени инспектори да ја утврдат фактичката состојба.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков, повторно извести дека на страната на општината е објавен повик за пријавување на штети предизвикани од суша и ги повика сите оштетени да аплицираат.

Како што кажа и во Неготино, министерот Хоџа повтори и на состанокот дека ќе се заложи сите сорти на грозје да се опфатат со помошта од 2 ден/кг. Тој потенцираше дека Владата навистина е на страната на земјоделците, за што зборува и фактот дека во 2020 година и покрај економската криза од Ковид – 19, државата исплати 20 милиони евра за лозарството, дел за субвенции а дел преку Ковид пакетите.

 

Министерот пред присутните лозари потенцираше дека Владата е на страната на земјоделците и дека тој лично гарантира дека ГРОЗЈЕ НЕМА ДА ОСТАНЕ!!!

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...