spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје: Ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 15.09.2021 година (среда) ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје.

Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.09.2021 година (среда) и на 16.09.2021 година (четврток), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година (недела), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...