spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Започна првата конференцијата “Жени во надворешната политика”

МНР: Започна првата конференцијата “Жени во надворешната политика”

Денес, во хотел “Double Tree by Hilton” започна дводневната конференција за промоција на родовата еднаквост “Жени во надворешна политика”, што за прв пат ја организира Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска.

 Конференцијата ја отвори министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во поздравното обраќање го истакна значењето од зајакнување на улогата на жената во надворешната политика, како и обезбедување поголема застапеност на жените во процесите на донесување одлуки во земјава. Промовирањето на родовата еднаквост е на линија на целите за одржлив развој на Обединетите нации, како и меѓу заложбите на ОБСЕ, чиј претседавач ќе биде Република Северна Македонија во 2023 година.

“Во согласност со националните и меѓународните заложби, Министерството за надворешни работи ја презеде задачата за зајакнување на улогата на жената во надворешната политика и за кревање глас за родова еднаквост. Во оваа насока, Министерството веќе има спроведено активности како назначување жени амбасадорки од професионалните редови на Министерството, вклучување на родовата еднаквост во новиот нацрт Закон за надворешни работи и сл. На таа линија е и организирањето на денешната конференција што треба да прерасне во годишен настан, кој ќе предизвика организација на други помали настани, како што се тематски работилници, семинари, тркалезни маси, создавање мрежи и платформи за соработка, итн. кои ќе се одвиваат во текот на годината”.-истакна Османи.

На првиот панел “Дали жените во надворешната политика може да го променат светот?” се обратија Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, додека виртуелно учествуваа и Marriet Schurman, холандски Амбасадор за човекови права, Donnatienne Hissard, Претседател на “Femmes et Diplomatie” и Alicia Herbert, Директор за образование, род и еднаквост во FCDO и специјален пратеник за родова еднаквост на Обединетото Кралство.

Во рамки на конференција ќе биде усвоена и Заедничка декларација, со која ќе се креира мрежа на жени дипломати од регионот на Западен Балкан.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...