spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски...

МИОА: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири денеска беше домаќин на состанокот со претставници од Амбасадата на САД и претставници од Естонскиот центар за источно партнерство.

На оваа средба беше потврден грантот што Владата на Република Северна Македонија ќе го добие од овие 2 институции во износ од 350.000 американски долари за реализација на активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци.

Министерот Шаќири на средбата истакна дека MИОА целосно е посветено на функционирањето на дигитализацијата и покрај сопствените буџетски средства правиме се за да ги анимираме и привлечеме сите страни и партнери кои се подготвени да ни помогнат на патот кон зголемување на транспарентноста на институциите, олеснување на процедурите и услугите преку електронските услуги, подобрување на демократијата во државата и унапредување на дигиталните вештини на јавната администрација.

Министерот Шаќири на средбата изрази благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка што ја даваат кон МИОА.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте