spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи одржа проштална средба со шпанскиот амбасадор, Емилио Лоренцо Сера

МНР: Османи одржа проштална средба со шпанскиот амбасадор, Емилио Лоренцо Сера

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес одржа проштална средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија во Северна Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

На средбата Османи упати искрена благодарност и му врачи плакета-благодарница за неуморниот ангажман на амбасадорот,Лоренцо Сера во продлабочувањето на односите меѓу двете држави како и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Имаме одлични и пријателски односи со Кралството Шпанија, а во нашата колективна меморија ќе остане запаметено вонредното ангажирање и одржување на видео-седницата на Сенатот на Шпанија со цел последната ратификација на Протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО, во март 2020 година, истакна Османи.

Двајцата соговорници разменија мислења и за добрососедските политики во регионот, внатрешно – политичката состојба во земјата како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте