spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Ново зеленило во Бутел 2

Бутел: Ново зеленило во Бутел 2

Ново зеленило за сограѓаните во Бутел 2!

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, заедно со директорот на Паркови и зеленило, Адриан Муча се сретнаа во новиот паркот во населбата Бутел 2.

Договорената средба беше од работен карактер: со четки во рацете, тие ги бојадисуваа веќе постоечките лулашки, кои што добија освежување. Во меѓувреме, беа поставени и прскалки за да може тревата редовно се наводнува.

Во меѓусебниот разговор, Смилевски и Муча резимираа за она што е направено во изминатиот период, но многу повеќе и за она и што треба да се направи за добробит на граѓаните од овој дел од Општината.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

Прочитајте