Со победа ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики и ќе ги продолжиме проектите за побрз развој на општините

Политички партииСо победа ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики и ќе ги...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Старо Нагоричане знае да победува, затоа што граѓаните овде знаат да направат избор, знаат што е најдобро за нивната општина. На 17 октомври одиме во нова победа, со проверени и докажани кандидати. Во Старо Нагоричане ја имаме нашата Жаклина Јовановска, актуелната и идната градоначалничка, и советничка листа со почитувани и енергични луѓе, предводена од Бобан Цветановски.

„Со победата ќе ја потврдиме исправноста на нашите политики и ќе ги продолжиме проектите за побрз развој на општините, за порамномерен развој на државата, за подобар живот за сите граѓани, за градење на концептот „Едно општество за сите“. Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата имаат луѓе со капацитет, со енергија, со емпатија, луѓе одговорни кон своето семејство, кон својата општина, кон државата.

Нашиот народ знае да цени и затоа го заслужува најдоброто, рече заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Старо Нагоричане е мултиетничка средина, пример за соживот, за взаемно почитување и негување на традиционалните вредности.

Социјалдемократскиот сојуз трпеливо и упорно го гради концептот „Едно општество за сите“. Сите граѓани се подеднакво значајни во оваа држава. Тоа значи подеднаква поддршка и грижа за секој поединец.

Зад нас имаме резултати, проекти и мерки за секоја општина, за целата држава. Владата предводена од СДСМ инвестираше 1.8 милиони евра во 20 км патна инфраструктура во Општина Старо Нагоричане. Обезбедивме 850 илјади евра за развој на локалната патна мрежа од грант од Светската банка за периодот од 2021 до 2024 година. Инвестиравме во комуналната инфраструктура за реконструкција на два водоводи и набавка на инсталација, скоро 9 милиони денари, средства од ТАВ се инвестираат во изградба на патен правец до село Драгоманце, реализирани се и проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, проекти за развој на селата и на специфичните подрачја, со посебни мерки ги подржуваме младите и земјоделците.

Затоа, гласајте за најдобрата понуда, заокружете го бројот 12. Гласајте за кандидатката за градоначалничка Жаклина Јовановска и за листата на советници на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата. Победата и овој пат е наша!

 

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе