spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСДСМ изгради и реконструираше патишта кои 50 години не беа допрени, го...

СДСМ изгради и реконструираше патишта кои 50 години не беа допрени, го има „Најдоброто“ за Куманово

„Во понудата покрај програмата мора да имате квалитетни луѓе, што се посветени, работат и го сакаат својот град“, истакна пред кумановчани потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој додаде дека кандидатот Оливер Илиевски е иден градоначалник и како човек е чесен, достоинствен, комуникативен и многу вреден.

„Ако не ги знаете проблемите на граѓаните, не можете да направите програма. Мора да го познавате градот и како дише секој дел од градот, ако сакате проблемот вистински да биде решен. СДСМ преку Владата реконструираше патишта кои не биле чепнати по 50 години. Изминатата година нашите тимови беа во сите населени места за да ги согледаме работите и да ги предлагаме на Советот на општината. Денеска СДСМ има само еден кандидат во Куманово а тоа е Оливер Илиевски“, порача Спасовски.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...