spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Домаќин на преставници на Даночната администрација од Словачка

УЈП: Домаќин на преставници на Даночната администрација од Словачка

Управата за јавни приходи оваа работна недела ќе биде домаќин на претставници од Словачката даночна администрација како дел од проектот “Поддршка за реформа за управување со јавните финансии во Република Северна Македонија во областа на меѓународното оданочување и локалните даноци“.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес ја отвори работилницата за трансферни цени и истакна дека градењето, на капацитетите на Управата за јавни приходи во областа на трансферните цени посебно обука и специјализација на даночниот инспекторат за спроведување на контрола на трансферните цени претставува еден од стратешките приоритети на Управата за јавни Приходи. Експертската поддршка која Управата за јавни приходи преку овој проект ја добива во изминатиот период од Словачката даночна администрација, е од особено значење, а досега е реализирана студиска посета и работилници на кои вработени од УЈП имаа можност подетално да се запознаат со меѓународната пракса и словачкото искуство во однос на регулативата за трансферни цени и постапката на контрола на трансферни цени – рече Лукаревска.

Сања Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП во РСМ истакна дека управување со јавните финансии води кон транспарентност и сигурност кај даночните обврзници што е цел на УЈП и УНДП, трансферните цени се дел од намалување на сивата економија и управување со јавните финансии.

Управата за јавни приходи е многу активна и ангажирана за овој проектот, истакна пофесорот Борче Треновски, тој рече дека оваа материја е многу важна за наплата на даночните приходи и од таа причина во иднина треба да се размислува за формирање на посебна организациона единица за контрола на трансферни цени и набавка на алатки за контрола.

Овој проект ќе придонесе кон подобрување на законската регулатива согласно меѓународната пракса, унапредување на процесите во Управата за јавни приходи а исто така ќе се помогне и во спроведување на процесите и активностите кои Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ги преземаат во насока на исполнување на БЕПС минималните стандарди.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...