spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Заврши конференцијата „Терминологијата и нејзината улога за познавање на професионалниот јазик“

АПЈ: Заврши конференцијата „Терминологијата и нејзината улога за познавање на професионалниот јазик“

На 30.092021 година, заврши дводневната научна конференција „Терминологијата и нејзината улога за познавање на професионалниот јазик“.
На оваа конференција организирана од Агенцијата за примена на јазикот и од Универзитетот на Југоисточна Европа, со нивните трудови се презентираа учесници од различни образовни и научни центри од Северна Македонија, Италија, Албанија и Косово.
Вториот работен ден започна со поздравните говори на професорите Валтер Мемиша, заменик директор на Академијата за албанолошки студии во Тирана, Сабри Љачи, декан на Факултетот за историја и филологија на Универзитетот во Тирана, Бертон Сулејмани, декан на Факултетот за филологија на Универзитетот во Тетово, Демуш Бајрами, декан на Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.
Јетон Шасивари презентираше специјален труд со тема „Законот за употреба на јазиците во Северна Македонија помеѓу клишеата за предрасуди и општествената кохезија“.
Конференцијата продолжи со презентација на трудови од страна на учесниците:
Елена Киокети со трудот „Терминолошки предизвици на германскиот јазик како малцински јазик во Јужен Тирол: пример за здравјето и безбедноста при работа“.
Евалда Пачи со трудот „Прашања од научната терминологија во неколку основни дисциплини на албанологијата (дијахронично и аналитичко гледиште)“.
Демуш Бајрами, со трудот „Медијаморфозата во ‘стапица‘ на јазичната дезинформација“.
Теута Тоска со трудот „Терминолошките речници: богатство што се почитува или традиција што се избегнува?“.
Ајтен Хајдари со трудот „Стратегија за усогласување на административната терминологија“.
Зеќирја Ибрахими со трудот „Стручната терминологија помеѓу обединувањето и преводот“.
Иса Мулај, Ружди Матоши, Флорин Алиу со заедничкиот труд „Економската терминологија во албанскиот јазик: ситуација, проблеми, задачи“.
Џафер Беќирај со трудот „Неколку терминолошки проблеми во граматиката на албанскиот јазик“.
Изер Максути со трудот „Улогата на стручната терминологија во преводот на специјализираните текстови“ .
Според практиката што веќе ја започна Агенцијата за примена на јазикот, сите трудови на оваа конференција ќе бидат сумирани во специјално издание на албански, македонски и англиски јазик.

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте