spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„Зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Северна Македонија“

„Зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Северна Македонија“

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер, денеска го отвори почетниот настан во рамки на националниот проект на Шведската статистика и Државниот завод за статистика „Зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Северна Македонија“.

Во контекст на одбележувањето на 20 октомври – Денот на Европската статистика, државната секретарка Габер истакна дека областа „Статистика“ како дел од Поглавјето 18 од правото на ЕУ има голема важност во однос на процесот на економско управување и пристапните преговори со ЕУ, со оглед на тоа дека спаѓа во кластерот „Темели“ што се отвора прв, а се затвора последен и ја одредува динамиката на пристапниот процес.

ДСек Габер: „Реформите во областа на статистиката се од суштинско значење за развој на здрави социо-економски политики. Секторските статистики треба да обезбедат основа за планирање на реформите во сите поглавја од пристапниот процес, поради што ваквите проекти кои обезбедуваат размена на експертиза и знаења имаат важен придонес не само за зајакнување на административниот капацитет на надлежните институции, туку и за обезбедување на влезни податоци за што поуспешни преговори.“

Осврнувајќи се на степенот на подготвеност и напредок во конкретното поглавје, Габер посочи дека националната статистичка инфраструктура во голема мера веќе е усогласена со европските стандарди базирани на принципите како што се непристрасност, сигурност, транспарентност, доверливост на податоците и дисеминација на официјалните резултати.

ДСек Габер: „Националната програма за усвојување на правото (НПАА), како сеопфатен стратешки и плански документ на Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ, предвидува краткорочни и среднорочни активности за прогресивно собирање на споредливи статистички податоци и нивен пренос во Европскиот статистички систем. Усогласувањето со законодавството на ЕУ е само првиот чекор, потребна е имплементација на транспонираните политики и стандардите во светло на целосна хармонизација, вклучително и преку проекти како овој што денес го инаугурираме.“

На настанот се обратија и  амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгсон, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, директорите на партнерските институции – Апостол Симовски од Државниот завод за статистика на Северна Македонија и Јоаким Стимн од Шведската статистика, кои ја истакнаа својата поддршка и заложбите за успешна имплементација на проектот.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...